mk / en
Агенција за

Дигитален Маркетинг

alt novhe
Што правиме?
Креираме дигитални стратегии, развиваме онлајн кампањи, градиме долгорочни врски помеѓу брендовите и нивната публика, развиваме содржина за социјални медиуми, блогови и веб сајтови, изработуваме дигитални и мобилни апликации, веб сајтови и уште многу повеќе :)

Услуги

  • service image Стратегија

    Стратегија

    Стратегија за настап на социјални медиуми
  • service image Менаџмент

    Менаџмент

    Менаџмент на социјални медиуми
  • service image Апликации

    Апликации

    Изработка на Facebook апликации
  • service image Рекламирање

    Рекламирање

    Рекламирање на социјални медиуми и веб портали
  • service image Содржина

    Содржина

    Креирање на содржина
  • service image Консултантски услуги

    Консултантски услуги

    Консултантски усуги за интернет маркетинг
  • Ацерола награден квиз

    Клиент: Алкалоид
    Целна група: родители
    Насоки: едукација на фановите за предностите на природниот витамин Ц
    Решение: награден квиз со прашања поврзани со производот, плодот ацерола и предностите на природниот витемин Ц. Секое следно прашање во квизот стануваше достапно за одговарање со помош на поени, кои се собираа со помош на пријателите. Пријателите можеа да им испратат синтетички витамин Ц кој носеше 1 поен или природен витамин Ц кој носеше 2 поени.
    Период: 17.04.-15.05.2013
    Резултати:
    - 10.498 фанови кои се вклучиле во апликацијата
    - 8.530 нови фанови
    - Talking about: 41%
    - Вкупен reach: 295.083 луѓе
  • КРИЛ ДООЕЛ - Креирај своја компанија

    Клиент: Алкалоид
    Целна група: мажи на возраст 30+
    Насоки: едукација за ракчето крил од кое се произведува крилово масло кое содржи повеќе Омега3 од рибиното масло
    Решение: Facebook апликација во која учесниците се натпреваруваа на неделно ниво да имаат највредна компанија за лов, преработка и продажба на рибино и крилово масло. Ловењето, преработката и продажбата на криловото масло даваше поголема вредност на компанијата. 
    Период: 26.04.-24.05.2013
    Постигнати резултати:
    - 12.161 фанови кои се вклучиле во апликацијата
    - 9.258 нови фанови
    - Talking about: 44,7%
    - Вкупен reach: 275.965 луѓе
    • алт
    • алт
    • алт
  • Toyota - Закажи тест возење

    Клиент: Toyota
    Целна група: 18+
    Насоки: промовирање на можноста за тест возење на возилата на Toyota
    Решение: Креирање на посебен таб на фан страната на Toyota со формулар за закажување на тест возење со посакуваното возило.
    • alt
    • alt
  • „Las Bonitas“

    Клиент: Витаминка
    Целна група: тинејџери и студенти
    Насоки: промоција на нов производ за грицкање Бонитас и сите неговите вкусови
    Решение: Презентирање на новите Бонитас преку уникатни карактери. Три различни Бонитас вкусови, три различни форми на ликови на кои учесниците требаше да им дадат карактер преку одбирање на очи, уста, облека и додатоци. Одличниот дизајн и интересните можности за креирање на карактери беа доволна причина за голем интерес кај фановите на Бонитас.
    Период: 24.01.-07.03.2013
    Резултати:
    25.225 нови фанови
    Talking about: 53%
    Вкупен reach: 557.353 луѓе
  • Заедно со Toyota Auris откриваме што се крие во маглата :)

    Клиент: Тојота Авто Центар Македонија
    Насоки: промоција на новиот Toyota Auris
    Решение: Новиот помоќен и модернизиран изглед на автомобилот ја наметна потребата од промовирање на перформансите на возилото, но истовремено и на визуелниот изглед. Решението беше апликацијата „Што се крие во маглата? каде во магла беа сокриени 10 фотографии од возилото со крајна цел разоткривање на сите фотографии. Маглата се тргаше со точно одговарање на прашања поврзани со возилото, како и со помош од пријателите.
    Период: 25.03.-25.04.2013
    Резултати:
    10.128 нови фанови
    Talking about: 66%
    Вкупен reach: 318.940 луѓе
  • Натпревар Ококори се

    Клиент: Прокулин – Алкалоид. Комплетна линија за очи
    Целна група: деца и родители
    Насоки: промоција на брендот на забавен и интересен начин
    Решение: забавен натпревар каде учесниците одбираа откачени цртани очи и ги додаваа на свои фотографии. Најоткачените ОКОКОРЕНИ фотографии добија подароци од Прокулин. 
    Период: 11.04.-13.05.2013
    Резултати:
    18.213 вкупно се вклучиле во апликацијата
    7.392 нови фанови
    Talking about: 36%
    Вкупен reach: 7.514 луѓе
  • Заедно со фановите на Стоби Флипс ја креиравме првата онлајн „фарма“ во Македонија :)

    Клиент: Витаминка
    Бренд: Стоби Флипс 
    Целна група: од 7 до 77 :)
    Насоки: Градење на заедница со што повеќе Стоби Флипс фанови кои активно ќе комуницираат со брендот
    Решение:
    Израснавме со него, сите го сакаме, и уживаме во нашиот Стоби Флипс. Сакајќи уште повеќе да го приближиме Стоби Флипс до неговата верна пубика, на фановите на Facebook им овозможивме преку Facebook апликација тие да учествуваат во процесот на неговото креирање. Натпреварувачите добија можност да учествуваат во создавањето на омилениот Флипс, од одгледување на состојките, нивна преработка сѐ до дистрибуцијата. Од растење на пченката, до пакување на кутиите и нивно испраќање по Стоби Флипс камионите, натпреварувачите заедно со Стоби Флипс го поминаа патот на Флипсовите :)
    Заедно грицкавме и се забавувавме, а како и секогаш кога нешто се прави со многу љубов, резултатите беа одлични. Во само еден месец, на Facebook страницата ни се придружија околу 18.000 нови љубители на Стоби Флипс. Заеднички го зголемивме Talking About на страницата до 22.2%, а само за апликацијата дознаа повеќе од 519.060 Facebook корисници :) 
    Период: 10.04.-13.05.2013
    Резултати:
    18.657 нови фанови
    Talking about: 22,2%
    Вкупен reach: 519.060 
  • Заедно со Duna го обиколивме Apple светот во нашата iMisija :)

    Клиент: Duna
    Целна група: луѓе на возраст од 18-34 години
    Решение: Запознавање со сите производи на Duna, забава преку  собирање пакети со енергија за движење помеѓу мисиите со помош на пријатели. Со друштво е секогаш позабавно. Плус дополнителна офлајн кампања со која се собираат пакети со енергија од продавницата на Duna
    Период: 09.12.12 – 09.01.13
    Резултати:
    13.583 нови фанови
    Talking about: 23.7 %
    Вкупен reach: 43.099

За нас

Brand Union е агенција за дигитален маркетинг која е посветена на испорачување на комплетни решенија за компаниите и брендовите кои избрале да патуваат низ бесконечните пространства во светот на дигиталните и социјалните медиуми.
 
Полето на нашата работа е широко колку и светот на дигиталните и социјалните медиуми: бесконечно, во континуирана промена и раст. Ние се менуваме, се адаптираме и растеме како што се менува и дигиталниот свет: многу брзо, континуирано, секојдневно.

Контакт

  • +389 (0)2 6152 900
  • contact@brandunion.mk
  • Кленоец бр. 69
    1000 Скопје, Македонија